100% БОНУС ЗА ПРВА УПЛАТА ДО 7500 MKD
Добиј

Mozzart Mакедонија

4.5/5
18
Плусови
  • одлична корисничка поддршка
  • доверливост и кредибилитет
  • несекојдневни промо игри
Минуси
  • Може да има повеќе начини на плаќање

Mozzart е обложувалница со доста голем опсег на Балканот. Потекнува од Србија, но кратко по формирањето почнува да го освојува и светскиот пазар, со фокус на балканските држави. Моментално е прилично популарна на пазарот, како локална обложувалница, онлајн обложувалница и онлајн казино.

 

Кредибилитет и Доверба

Иако потекнува од Србија, Mozzart е официјално лиценцирана обложувалница во Македонија, што значи дека ужива огромна доверба и кредибилитет кај играчите во Македонија. Како што наведовме погоре, Mozzart поседува голем број на локални обложувалници, но во последниот период се фокусира и на онлајн обложувањето кое станува се поатрактивно во Македонија, па и пошироко.

Mozzartbet New Makedonia

 

Бонус за Добредојде

Бонусот за добредојде го сретнуваме и во обложувалниците на Mozzart. Слично како и кај останатите обложувалниците, со бонусот за добредојде вие можете да добиете дури 100% бонус на вашата прва уплата.

Да речеме дека вие извршувате уплата на депозит од 1.000 денари – во овој случај, вие имате право на бонус од 1.000 денари. Истиот можете да го искористите било кога, а ќе биде префрлен на вашата сметка доколку ги почитувате правилата, т.е. уплатите тикет со минимум 4 натпревари чија поединечна квота изнесува најмалку 1.35.

Доколку се работи за класичен тикет од спортско обложување, вкупната вредност би требало да изнесува до 4.000 денари, додека за натпреварите во живо може да изнесува најмногу до 20.000 денари.

 

Онлајн Понуди и Промоции во Mozzart

На официјалната веб страна на Mozzart, во категоријата „Промоции“, можете да ги најдете сите онлајн бонуси кои се активни во моментов. Најчесто има голем број на онлајн бонуси, а повеќето од нив можат да се користат во онлајн обложувалницата.

Огромен број на играчи се одлучуваат за Mozzart токму поради големиот број на промоции кои едноставно нема да ве остават рамнодушни. Буквално секој корисник може да освои некаков онлајн бонус.

Кога се работи за омилен бонус, ние би го издвоиле бонусот наречен „промаши, а наплати.“ Колку пати се случило да паднете само на еден натпревар на вашиот тикет? Зарем не би било убаво да добиете втора шанса за да освоите добивка?

Со бонусот „промаши, а наплати,“ вие добивате повраток на вашиот влог, а повратокот може да биде и 100 пати поголем од влогот, но тоа зависи од коефициентот на тикетот кој што сте го уплатиле.

 

Регистрација

Корисничкото искуство и едноставноста на веб страната на Mozzart го направи процесот на регистрирање екстремно брз и едноставен. Процесот за регистрација на корисничка сметка во Mozzart не би требало да трае повеќе од 2 минути.
Сѐ што треба е да внесете корисничко име, емаил и лозинка. Прочитајте ги условите за користење на онлајн обложувалницата, а доколку се сложувате со нив, вие веднаш ќе можете да станете член на Mozzart обложувалницата.

Mozzartbet MK Sign Up

 

Уплата и Исплата на Средства со Mozzart

Исто како и во Sport Life, моментално во обложувалницата на Mozzart можете да уплатите средства само на трансакциска сметка. Овде може да ги искористите услугите на некоја локална банка, пошта, или пак електронското банкарство. За жал, уплатата е прилично ограничена. Средствата би ги добиле на располагање веднаш штом операторите ја проверат вашата уплата.

Уплатата можете да ја извршите на следниве жиро сметки:

  • НЛБ Банка 210-0638626101-05
  • Халк Банка 270-0638626118-58

Исплатата ќе можете да ја извршите на сличен начин како и уплатата, односно вашите пари ќе ги добиете на вашата трансакциска сметка. Истиот случај како и кај Sport Life, минималниот износ за исплата изнесува 300 денари, а го добивате за најмногу 72 часа.

Во следниот период се очекува подобрување и проширување на можностите за исплата и уплата во обложувалниците на Mozzart.

 

Спортско Обложување во Mozzart

Можеби не се најдобри, но обложувалниците на Mozzart нудат доволно опции за спортско обложување дури и за најстрасните играчи. Во Mozzart можете да се обложувате на 11 различни спортови. Споредбено со онлајн обложувалниците од типот на Bet365, ова е минимална покриеност, па затоа можеме да кажеме дека Mozzart заостануваат во овој дел.

Но, генерално можете да најдете добри коефициенти за спортовите кои се достапни. Дополнително, во Mozzart имате одлична корисничка поддршка, па доколку се соочите со некои проблеми во текот на онлајн обложувањето, вие ќе добиете помош во најкраток можен рок. Имајте на ум дека корисничката поддршка е секојдневно достапна во периодот од 9 до 21 часот.

 

Обложување во Живо со Mozzart

Обложувањето во живо е доста атрактивно во Mozzart, посебно во локалните обложувалници каде можете да наидете и на редици од играчи, посебно доколку има некој атрактивен натпревар за следење. Коефициентите на натпреварите во живо се доста конкурентни, иако знаеме дека Mozzart прилично заостанува со понудата на спортови и класичното обложување.

Натпреварите во живо можете да ги следите и на официјалната веб страна на Mozzart, каде што можете да најдете и детална статистика за секој од нив.

 

Mozzart Коефициенти и Понуда на Натпревари

Иако максималната исплата изнесува огромни 10,000,000 денари за минимална уплата од 20 денари, понудата на натпревари и не е толку сјајна како што би очекувале за доверлива обложувалница од типот на Mozzart.

Коефициентите се конкурентни, па доколку ги искомбинирате со некоја од бонус игрите, би можеле да добиете вистинско богатство. Замислете, можете да станете милионер со само малку среќа. Како што напоменавме погоре, Mozzart нуди сума од 10,000,000 денари со минимален влог од 20 денари, но само ако вашиот добитен тикет има најмалку 30 парови.

 

Заклучок за Mozzart

Како лидер на Балканот, оваа обложувалница ужива голема доверба и кредибилитет кај играчите, посебно во локалните обложувалници кои можете да ги најдете во секој град во Македонија. Во чекор со времето, Mozzart се труди да го подобри делот со онлајн обложување, па се надеваме дека ќе има полесна уплата и исплата во скоро време.

Доколку сакате да дознаете повеќе за активните бонуси, топло ви препорачуваме да ја заследите оваа обложувалница на социјалните мрежи, како и да често да ја посетувате официјалната веб страна.

FAQ. Често Поставувани Прашања
  • Секој играч кој има над 18 години може да се регистрира на веб страната. Процесот е доста брз и едноставен.

  • Исплатата ќе ја добиете на вашата трансакциска сметка во рок од 72 часа

  • Сите активни промоции можете да ги најдете на официјалната веб страна на Mozzart.

  • Да, зголемувањето најчесто се случува во вториот дел на натпреварот.